сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПетиција до ЕУ: „Францускиот предлог и бугарските барања го газат самоопределувањето на...
spot_img

Петиција до ЕУ: „Францускиот предлог и бугарските барања го газат самоопределувањето на Македонците и овозможуваат етничка војна во РМ!“

„До Редакцијата на ‘Нова Македонија’ пристигна писмо, што ќе биде поткрепено со потписи на Македонците низ светот, кое е поттикнато од Коалицијата на организации и интелектуалци, што го претставуваат македонскиот народ и сојузниците низ светот. Петицијата ќе биде испратена до Европскиот парламент, Комисијата и Советот, заедно со писмото во кое се наведува загриженоста за барањата на Бугарија и ревидираниот француски предлог. ‘Да ѝ покажеме на ЕУ колку Македонци се противат на ова и не се задоволни од односот на ЕУ кон Македонија’ – се вели во прогласот за потпишување на петицијата.“ – објави весникот „Нова Македонија“ во својата статија со наслов „Европа да ги отфрли и да ги осуди геноцидните политики на Бугарија кон Македонија“.

Весникот го пренесува исцело тоа писмо, во кое се наведува, покрај другото: „Ви пишуваме во име на Македонците во Република Македонија и во дијаспората да ве повикаме да застанете против ветото на Бугарија за Македонија, а особено на ревидираниот француски предлог, кој ги вклучува Договорот за пријателство (2017) и билатералниот протокол во пристапната рамка на Македонија.“

„Масовни протести се одржаа во Скопје, Македонија, против барањата на ревидираниот француски предлог на Бугарија. Тие протести се проширија низ целата земја, вклучувајќи и во Охрид и во Битола и на глобално ниво во Малта, Канада и во Англија. Ревидираниот француски предлог е усвоен во Македонија против волјата на македонскиот народ, поткопувајќи ги демократските принципи за кои се залага ЕУ.“

„Оваа ситуација е слична на онаа, што доведе до потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција, чиј исход резултира со оставка на Владата, која го потпиша, како и со политички и граѓански немири. Македонското население го бојкотираше Преспанскиот договор поради поткопување на човечкото достоинство и правото на самоопределување. Одобрувајќи ги бугарските барања за Македонија, ЕУ повторно ги игнорираше македонските граѓани со вклучување во друг договор што го нарушува jus cogens правото на самоопределување.“

„Во текот на преговорите и потпишувањето на Преспанскиот договор ЕУ запостави голем број извештаи за кршење на човековите права, што се однесуваат на македонското малцинство во Грција. Притоа, ЕУ одби да ја признае поврзаноста на грчката влада со негирањето на етничкиот идентитет и јазик на македонското малцинство и условите наметнати на Македонија со грчкото вето. ЕУ сега го запоставува и значењето на односот на Бугарија кон македонското малцинство во Бугарија и улогата, што ја игра во обликувањето на содржината на ревидираниот француски предлог.“

„Ревидираниот француски предлог и поддршката за барањата на Бугарија се закануваат дополнително да ја дестабилизираат Македонија. Етничките напнатости се зголемија меѓу етничките Македонци и албанското малцинство во Македонија откако се очекуваше приемот на Македонија и на Албанија како пакет, а сега се раздвоени како резултат на ветото на Бугарија и прифаќањето на евидираниот француски предлог. Овие напнатости создаваат можност за етничка граѓанска војна, која може да го дестабилизира поширокиот балкански регион.“

Писмо и Петиција на Коалицијата на организации и интелектуалци, што ги претставуваат македонскиот народ и сојузниците низ светот

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ