сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПеро Камиказа и Панчо се скараа на Фејсбук, чиј концерт требало да...
spot_img

Перо Камиказа и Панчо се скараа на Фејсбук, чиј концерт требало да земе Златна бубамара на популарноста

Чиј концерт имал повеќе публика и бил подобар да добие Златна бубамара на популарноста, беше причина Перо Ѓеоргиевски- Камиказа и Панчо од ДНК преку коментари на Фејсбук  да се скараат.

Перо Ѓеоргиевски-Камиказа објави дека групата „Меморија“ вечерва ќе добие Златна бубамара на популарноста за најдобр концерт. Исто така дека настапот на Бубамара ќе биде последен во овој состав на бендот. Наградата за концерт на годината од Радио Бубамара не им се допадна на некои фанови па коментираа дека оваа награда ја заслужуваат ДНК за концертот со кој прославија јубилеј од 20 години одржан во декември минатата година

„Господине Камиказа стварно ја заслуживте наградата Концерт на Годината, еве и сликите се доказ. Само, сликава ме буни, дали е од вашиот концерт за ,,историја” во јуни или од концертот на ДНК на 3-ти декември?“, напишал извесен Дениз, под објавата на Камиказа и објавил фотографија.

Нема потреба од кавги и во музиката, му вели Камиказа на Дениз и додава дека ги поддржуваат ДНК, но дали според него прашува Перо, „Меморија“ треба да се откаже од наградата.

На развиената дебата чиј концерт е подобар и кој залужува статуетка на Бубамара за најдобар концерт се вклучи и Панчо.

„Поздрав до двајцата пред се, гледам сте развиле фина дебата. Дениз, Буба Мара е приватен настан и факт е дека не можеш да му замериш на бато Ранко бидејќи е негов настан и прави како што он мисли дека треба, тоест според негови убедувања. Каде имало повеќе луѓе е најмалку битно според мене и како што кажа господинот Перо некаде во погорните коментари дека е најбитно да има настани во и така сиромашната МК сцена. Мене/нас како бенд и индивидуи со Андреј никогаш не ни биле наградите битни иако е добро да имаш признание за сработеното нели, па така и овој пат би кажал следново: Дај боже никогаш да не земеме награда од нигде, а концертите и настапите да ни бидат полни тоест преполни како овде на сликите кои си ги постирал. Да, факт е верувам ќе се сложи и Перо дека имало доста повеќе луѓе кај нас но како што кажав погоре најмалце е тоа битно. Побитно е да шириме љубаов, и музика, а наградите се бар според мене само нешто кое нема долго да се памти и ќе фаќа прашина на некои од домашните рафтови“, напиша Панчо.

Имаме добиено преку 50 награди за се и сешто со „Меморија“, но никогаш ваков “срам“ не ни приредил никој, му одговори Перо Камиказа на Панчо.

„Ниту баравме, ниту ни е требна награда. Ова е одолжување на Ранко за рекламата што ни ја даде за концертот и толку. Од сабајле правевте скрин шотови од нашиот концерт со предгрупата, за да не изблатите. На вис Меморија која има близу 20 000 иљади фанови, ви го најавивме, подржавме и рекламиравме концертот максимално. Вие нашиот не. Во иднина остајте времето да говори за вас. На добар пат сте. Едни од ретките што знаете да си ја работите работата ко што треба, за што се радувам и ве подржувам во скоро секое мое интервју или Фејсбук статус. Затоа овие лоши п.р. обиди не ви личат. И да, концертот ви беше прекрасен. Кога се јави Ранко му викам: Дај им ја наградата на децава од ДНК, ним повеќе ќе им значи. Ранко вика: Баце тоа не е твоја работа, ќе свирите или не? И ?! да го одбијам, да си ја затворам вратата во најслушаното радио?! Инаку песната “Дирлада“ има 6.100.000 и кусур прегледи, па не е песна на годината на ни една Буба Мара!Па што? Да се гледаме за убаво, и да не се добројуваме, колку сме толку сме, Македонци сме!!! Да живе Македонија“, напиша Камиказа.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ