петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПензионерите повторно со можност пензијата да ја земаат на домашна адреса
spot_img

Пензионерите повторно со можност пензијата да ја земаат на домашна адреса

АД Пошта на Македонија – Подружница Штип отпочна со доставување на пензиите на пенизонерите до нивните домови. Со цел да спречат гужвите пред банките и да се зачува здравјето на граѓаните, како и заштита од ширење на коронавирусот, сите заинтеренсирани пенизионери може да поднесат барање и нивните пензии да пристигнуваат на нивните домашни адреси.

„АД Пошта на Северна Македонија – Подружница Штип со тринаесетте единици на поштенската мрежа во општините Штип, Пробиштип, Свети Николе, Лозово и Карбинци, како и во сите населени места во државата отпочна со услугата за достава на пензии на домашна адреса. Имајќи го предвид зголемениот интерес за добивање пензија дома, вработените во Подружница Штип заедно со вработени од ХАЛК Банка, како партнери, секојдневно се присутни во руралните и урбаните населени места со цел – запознавање на пензионерите за начинот за користење на услугата за прием на пензија до дом. Со оглед на ситуацијата, им се овозможува на пензионерите да си го заштитат своето здравје и наместо да патуваат во градот и да чекаат ред пред банка, на едноставен начин да ја примат пензијата во нивниот дом“, истакна Весна Поп Трајкова, стручен соработник за поштенски сообраќај – Штип.

Услугата е достапна за сите заинтересирани пензионери, а за начинот и надоместокот, како и за сите останати информации може да се информираат во единиците на поштенска мрежа, како и преку реонските пошто-разнесувачи и филијалите на банката. Надоместокот за оваа услуга се движи од 50 до 160 денари во зависност од висината на пензијата. Со ова се штеди на време, но и на средства, додаваат од Пошта – Штип.

Истовремено, од денеска започна етапното исплаќање на пензиите за месец февруари и граѓаните кои земаат пензии во висина до 11 илјади денари, а не користат картичка, парите може да ги подигнат денеска. Утре ќе се исплаќаат пензиите во висина од 11.001 до 14 илјади денари, во понеделник од 14.001 до 18.000 денари и во вторник, на 1 март, пенизиите во висина над 18 илјади денари.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ