сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПатарините кај Кадрифаково и Преод чинат 4,8 мил. евра. Од мај,...
spot_img

Патарините кај Кадрифаково и Преод чинат 4,8 мил. евра. Од мај, Државата парите ќе си ги враќа назад

Со изградбата на патарината на Коридор 8, како и на двете патарини на автопатот Штип – Миладиновци, ЈП за Државни патишта од наплата на патарини планира на годишен приход од над 50 милиони евра.

Очекувањата можат да почнат да се остваруваат многу бргу, зашто изградбата на двете патарини Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци – Штип се при крај и веќе од мај, на нив ќе се наплаќаат по 50 односно 70 денари во правец, најави пред три дена од Штип директорот на Државни патишта,  Ејуп Рустеми:

Инвестицијата, пак, на Државни патишта за изградба на овие две патарини е околу 4,8 милиони евра:

Сумата издвоена за градежните работи и опремата за електронска наплата, на Преод изнесува 2,5, а за наплатната станица Кадрифаково 2,3 милиони евра, информираат од Државни патишта.

Според утврдените цени и веќе постојната патарина, само по овој основ, од Штип до Скопје и назад, ќе треба да се платат 320 денари.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ