четврток, април 18, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОткриени 13 мигранти во Гевгелија
spot_img

Откриени 13 мигранти во Гевгелија

Полицијата синоќа спречи два нови обиди за криумчарење мигранти. Во два одделни случаи откриени се вкупно 13 лица од кои 9 од Индија и 4 од Пакистан. Индиските државјани биле откриени во патничко возило марка Мерцедес кое се обидело да ги избегне полициските контроли на автопатот во близина кај Гевгелија. Наместо да застане на дадениот знак возачот на мерцедесот ја зголемил брзината и ги одбегнал и двете контроли па продолжил да се движи се до клучката со селото Миравци каде ги оставил возилото и мигрантите и побегнал.  

По пребарувањето на теренот полицијата успеала да го пронајде. Се работи за македонски државјанин против кого имало распишано потерница. Заедно со него бил пронајден и неговиот совозач.

Другиот случај бил откриен неколку часа порано кај клучка Демир Капија за време на контрола на патничко возило БМВ управувано од жител на Гостивар во кое се пронајдени четворица државјани на Пакистан. Возачот е лишен од слобода на лице место, а за случајот е известен и јавен обвинител. По целосното документирање и на двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ