вторник, април 16, 2024
spot_img
ПочетнаСветОткриена досега најоддалечената ѕвезда
spot_img

Откриена досега најоддалечената ѕвезда

Вселенскиот телескоп Хабл ја откри светлината на ѕвезда што постоела во првите милијарда години по Големата експлозија, што е нов рекорд, објавија астрономите.Новооткриената ѕвезда, наречена Еарендел, толку е далеку, што на нејзината светлина ѝ требаа 12,9 милијарди години за да стигне до Земјата од времето кога Вселената беше седум проценти од нејзината сегашна старост.

– На почетокот речиси да не верувавме, беше многу подалеку од претходно најоддалечената, изјави астрономот Брајан Велч.

Претходниот рекорд беше во 2018 година, кога универзумот бил стар четири милијарди години.

Како што се шири универзумот, во моментот кога светлината на далечните ѕвезди ќе стигне до нас, таа се протега до подолги, поцрвени бранови должини, феномен наречен „црвено поместување“. Светлината на Еарендел доаѓа од ерата наречена црвено поместување 6,2., а Велч тврди дека обично на овие растојанија, цели галаксии изгледаат како мали дамки, а светлината на милион ѕвезди се спојува.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ