четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsОпштина Штип почна со кампања за селекција на отпад
spot_img

Општина Штип почна со кампања за селекција на отпад

Само мал процент од цврстиот отпад кој го продуцираат домаќинствата поминува низ процесот на селекција. Граѓаните многу малку вршат примарно селектирање на стакло, пластика, метал и хартија, кое понатаму ќе заврши во центрите за рециклирање. 

  • Граѓаните не го слекетираат отпадот. Најчесто се селектира стаклото, бидејќи општината е покриена на повеќе локации со т.н. ѕвона за селектирање на стаклен отпад кои се во зелена боја, а додека жолтите и плавите контејнери ги има помалку и граѓаните не се научени да го слектираат тој тип на отпад во тие садови за селектирање- изјави Борче Везенков, комунален инспектор-ЛЦ-Штип. 

Недостатокот од соодветни садови за посебен тип цврст отпад е само еден дел од проблемот. Многу поважна е едукацијата на населението, која треба да започне уште од најрана возраст, што е повеќе децениска пракса во западно европските земји. За таа цел штипската локална самоуправа започнува со реализација на проектот „Со селектирање на отпадот до почиста животна средина“.

  • Во основните училишта ќе бидат опфатени децата од прво до петто одделение и наша замисла е, во секое одделение да имаме средба на која ќе го претставиме проектот преку видео презентација, за секое едно дете може да ја види, да поставува прашања доколку нешто не му е јасно и да се вклучи во некоја активност- изјави Маријана Зенделов, Општина Штип.

Преку специјализираните зелени контејнери на ниво на држава годишно се собираат околу 700 тони стаклен отпад. Со процесот на рециклирање за заштедуваат 40% од ресурсите, потребни да се создаде ново стакло.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ