четврток, април 18, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsОпштина Штип мисли на социјално загрозените и невработени лица - Ќе се...
spot_img

Општина Штип мисли на социјално загрозените и невработени лица – Ќе се отвори оглас за извршување на јавни работи во штипските претпријатија

Долгорочно невработени лица, лица постари од 55 години како и лица од социјално загрозени категории ќе имаат можност да извршуваат јавни работи во јавните претпријатија во Штип.

Оваа предлог одлука помина на последната седница на Совет на Општина Штип, по што се очекува во наредниот период да се распише јавен повик на кој може да се пријават лица кои ги исполнуваат условите и да бидат работно ангажирани.

Предвидено е да се ангажираат максимум 30 лица во зависоност од потребите на ЈП Исар и ЈП Стипион, кои ќе работат не подолго од осум месеца.

Со подобрување на временските услови и покачување на дневните температури се зголемува и потребата од вработени во двете јавни претпријатија во Штип.

По објавување на повикот ќе бидат познати и точните критериуми, лицата ќе може да се пријават и да се направи избор за тоа кој ќе озвршува јавни работи во јавните претпријатија во Штип.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ