петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОНА не престанува да ја освојува Македонија - УЧК добива споменик висок...
spot_img

ОНА не престанува да ја освојува Македонија – УЧК добива споменик висок над 20 метри во Општина Липково! (ФОТО)

Македонија станува земја на малцинството, земја во која правата ги уживаат сите, освен мнозинството на граѓани.

Подадената рака за правата на Албанците ја свиткаа припадниците на ОНА. Овојпат е најавен споменик висок над 20 метри во чест на УЧК во липковското село Слупчане.

Споменикот е вреден 200.000 евра и висок над 20 метри, во понеделник, на 2 мај ќе биде свечено откриен.

„За тоа што мачениците го дадоа за нашата слобода, ние ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот“, пишува градоначалникот Еркан Арифи.

Изградбата на споменикот беше најавена уште лани на 2 мај. Во истото село веќе има музеј и на ОНА.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ