петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsОК на ВМРО ДПМНЕ со прашања до директорот на НУЦК „Ацо Шопов“,...
spot_img

ОК на ВМРО ДПМНЕ со прашања до директорот на НУЦК „Ацо Шопов“, тој со апел – да не му се мешаат во работата

„Директорите ли си ги бираат проектите, зад завесата министрите ли се?“, прашаа денес на прес – конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Според нив, новообјавената аудиција за претстава на НУЦК „Ацо Шопов“ е претходно „режирана“ од директорот, Горан Трајков, и тој има информација дека истата ќе се работи.

„Во текот на вчерашниот ден на ФБ профилот на Центарот за култура во Штип е објавен повик за аудиција на претставата „Амбасадор“. Информирани сме дека тоа е предлог програма за проект од национален интерес за 2022 година. Затоа го повикуваме директорот на Центарот за култура да каже од каде му е информацијата дека оваа претстава ќе се работи, кога програмата за одобрени проекти од национален интерес за 2022 година сѐ уште не е објавена од Министерството за култура. Дали со оваа објава се потврдува сомнежот дали поднесувањето на предлог проектите до Министерството за култура е само проформа, дека директорите си ги бираат проектите, а комисите се завесите зад кои се затскриваат министрите?“ – прашаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Директорот Горан Трајков, пак, со одговор дека нема да навлегува во партиски препукувања. Претставата и да се добие и да не, сепак ќе се работи. Порача да не му се мешаат во работата на националната установа.

„Јас нема да навлегувам во партиски препукувања. Она што можам да го кажам е дека културата не е повеќе партиска, туку им припаѓа на сите граѓани. Од она што го слушнав од нивната прес – конференција и прашањата што ги поставија пред граѓаните, должен сум да им одговорам. Ние според програмата имаме пет театарски проекти, за секој проект ќе се одвива аудиција независно дали проектот е добиен или не. Толку имам да кажам и ќе ги замолам да не ми се мешаат во работата на националната установа“, одговори директорот, Горан Трајков.

Инаку, на фејсбук страната на установата беше објавен повик за аудиција „Амбасадор“ од Славомир Мрожек во режија на Андреј Цветановски, која ќе се спроведе на 3 февруари, во 11:00 часот, во штипскиот театар. Вработените и дипломираните актери ќе може да го подигнат текстот од 28 јануари до 2 февруари, стоеше во соопштението.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ