четврток, април 18, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОбјавен списокот на најсреќните нации во светот: Македонија најнесреќна во регионот
spot_img

Објавен списокот на најсреќните нации во светот: Македонија најнесреќна во регионот

Финска е прогласена за земја со најсреќна популација шеста година по ред, според Светскиот извештај за среќа објавен денеска. Македонија е на 87-то место на листата.

Добивај вести на вибер

Од соседните земји, Словенија е најсреќна на 22 место, па Косово на 34, Италија е 33, Србија 45, Хрватска 48 и Унгарија 51. Црна Гора е на 67 место во Светскиот извештај за среќа, а Босна и Херцеговина е на 71 место. Грција е малку полоша, таа е на 58 место, под Јужна Кореја. Русија е едно место подобра од БиХ и е на 70. место. Албанија е на 83. место, над Индонезија и Јужна Африка.

Меѓу најсреќните нации во светот, по среќната Финска се Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.

На дното на рангирањето се претежно африканските земји, а Авганистан и Либан разурнати од војна се двете најнесреќни земји во светот, во истражувањето во кое беа опфатени вкупно 137 земји.

Научниците рекоа дека проценката на среќата на луѓето остана „извонредно отпорна“ и покрај пандемијата „Ковид-19“, со глобални просеци во 2020 до 2022 година исто толку високи како оние во годините пред пандемијата од 2017 до 2019 година.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ