четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотОбјавена листата на најскапи и најевтини земји за живеење за 2022 година
spot_img

Објавена листата на најскапи и најевтини земји за живеење за 2022 година

Веб-страницата Numbeo ја ажурираше својата годишна листа на најскапи и најевтини земји за живеење во светот.

Списокот функционира со пресметување на трошоците за домување, облека, храна, превоз, интернет, комуналии, намирници, како и бројни други параметри.

Според статистичките податоци, трите најскапи земји за живот во светот се Бермуди, Швајцарија и Норвешка. Следуваат Исланд и Барбадос.

Северна Македонија е рангирана на 118. место според трошоците за живот, со индекс на трошоци на живот од 31,38 (од 100), цена на киријата од 13,6%, индекс на трошоци за храна од 26,95 и локална куповна моќ од 35,44.

Од земјите во регионот, Србија е на 94. место, Босна и Херцеговина е на 96. место, а најскап живот има Словенија, која е на 46. место, Хрватска на 59-то, Црна Гора на 87. место, Албанија на 99-то, додека Грција доста повисоко, на 41. место.

Турција е дури на 130-тото место на листата, а најслабо рангирани од 135 до последното 139 место се Алжир, Колумбија, Индија, Афганистан и Пакистан.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ