Охридската пливачка гордост, хуманист и спортски херој, Марко Пејчиновски, кој ова лето пред себе постави цел 10 пати на разни далечени да го преплива Охридското Езеро, денеска успеа да ја преплива втората делница од распоредот од Радожда до Градиште во должина од 18 километри.
Второто препливување е завршено со време од 6 сати и 40 минути.
Инаку, минатата недела Марко ја исплива делницата Радожда – Охрид во должина од 14 километри.
Видеото можете да го погледнете тука – https://fb.watch/dJKt5m7j-H/