сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНов обид за обврзницата на општина Штип - КХВ повторно даде одобрение,...
spot_img

Нов обид за обврзницата на општина Штип – КХВ повторно даде одобрение, сега Владата е на потег

Дали ќе има втора среќа за општинската обврзница на општина Штип, која ја предводи градоначалникот Иван Јорданов.

Откако пред неколку месеци Комисијата за хартии од вредност и издаде одобрение на општина Штип за издавање на обврзница од 4 милиони евра, но општината не успеа да ја добие потребната владина согласност, сега таа повторно побара и доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност за издавање на општинска обврзница.

За барањето на општина Штип за издавање на општинска обврзница расправала Комисијата за хартии од вредност пред неколку дена, и донела решение да и издаде одобрение на општината, исто како што и пред неколку месеци го издаде потребното одобрение. 

„КХВ  донесе Решение со кое на Општина Штип и даде одобрение да издаде прва емисија на 8.000 општински обврзници со поединечна номинална вредност од 500 евра и вкупна номинална вредност од 4.000.000 евра по пат на јавна понуда. Првата исплата на главницата и на каматата ќе почне по истекот на 12 месеци и ќе се исплати во седум еднакви годишни рати од датумот на регистрирање на обврзниците во ЦДХВ. Општинските обврзници се со фиксна годишна каматна стапка во износ од 4,75 отсто. Емисијата на општински обврзници на Општина Штип се врши заради прибирање на средства за финансирање на Проектот „Заеднички активности за локален економски развој“. Понудата се смета за успешна доколку се запишат и уплатат најмалку 60 отсто од понудените обврзници.

КХВ ја одобри оваа емисија, откако општина Штип доби согласност од Министерството за финансии за нејзино задолжување, а постапката на запишување и уплата на понудените општински обврзници ќе почне откако во сила ќе влезе Одлуката на Владата, со која се одобрува максималниот износ на новото задолжување на издавачот“, се вели во соопштението од Комисијата за хартии од вредност.

Како што веќе објавија претходно медиумите, општина Штип е прва која се охрабри да најави издавање на ваква хартија од вредност и на тој начин да обезбеди четири милиони евра, за што уште минатата година ја доби и потребната дозвола од Комисијата за хартии од вредност. Но, Владата не го дозволи издавањето на обврзницата, а штипскиот градоначалник Иван Јорданов ја обвини власта дека го стопирала овој процес без никаква валидна аргументација.Инаку, Фактор веќе пишуваше дека и општина Аеродром, на чие чело е градоначалникот Тимчо Муцунски, доби дозвола од КХВ за издавање на општинска обврзница, и тоа на сума од 5,4 милиони евра.

Дали општината, чии татко е исто така од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како и Јорданов, ќе успее да добие благослов за вакво задолжување пртеку емитувањее на општинска обврзница, ќе зависи исто така од Владата, која треба да донесе таква одлука. 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ