петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНов ден и нов земјотрес го стресе Штип - Граѓаните во паника...
spot_img

Нов ден и нов земјотрес го стресе Штип – Граѓаните во паника сведочеа од своите работни места

Предмалку земјотрес е почувствуван во источна Македонија. Првичните информации детектираа потрес со јачина од над 1.9 според рихтер со епицентар во близина на Штип.

Штипјани веќе неколку денови по ред се под „штрек“ и паника, страв од неизвесност и материјални штети.

До нашата редакција пристигнаа коментари од загрижени граѓани, а кои потенцираа дека веднаш излегле надвор од своите работни места, но и дека тешко можат да се фокусираат на своите работни задачи.

Претходно, деканот на Природно-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Ѓорѓи Димов истакна дека Штип и Свети Николе спаѓаат во зона два и е релативно стабилно подрачје, а во изминатите десет години имало неколку потреси со слична ваква јачина, односно со Рихтерова локална магнитуда од 3, но и дека нема потреба од паника.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ