петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНово лето, стари проблеми: Само Бог на помош, Македонија располага со еден...
spot_img

Ново лето, стари проблеми: Само Бог на помош, Македонија располага со еден и единствен ер-трактор за гаснење пожари од воздух!

Доколку денеска пламне Македонија во пожари, како минатото лето, на располагање имаме само еден ертрактор, сервисиран во Шпанија и донесен во земјава. Вториот се чека да биде донесен од операторот, а третиот се сервисира, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

При пожари, ДЗС не е примарно одговорна, туку последна, смета Максути. Но, со цел зајакнување на капацитетите за пружање помош и за да бидат поподготвени од минатата година, започнале и во финална фаза е процедурата за купување теренски возила со пумпи кои ќе бидат распоредени во 15 територијални противпожарни единици низ државата, заедно со дополнителна опрема.

Се одржувале и состаноци со ЦУК, МВР и локалната самоуправа, особено со претставници од Беровскиот регион , по откриените недостатоци  и пречки со кои се соочиле при ланските пожари. Максути се пожали дека за разлика од Франција која за 5 години има буџет од 800 милиони евра за зајакнување на нивната авио флота за гаснење пожари, ДЗС располага со буџет од само 4, 5 милиони евра.

Романската влада преку амбасадата во Скопје денеска и донира на ДЗС возило АТВ, за тешко пристапни терени, во вредност од 17650 евра. А, најавена е уште една донација од Романија за годинава , во висина од 20 илјади евра.

Покрај нашите армиски хеликоптери, во гаснењето на пожарите низ Македонија, минатото лето беа вклучени и воздухоплови од Грција, а помош во луѓе,  техничка и медицинска опрема пристигна и од Словенија, Србија и Бугарија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ