среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНови откритија од скопското училиште Корчагин и самоубиството на малолетникот: Пpoфесорка на...
spot_img

Нови откритија од скопското училиште Корчагин и самоубиството на малолетникот: Пpoфесорка на своите ученици им кажувала да yмpaт!!!

Фејсбук статус на новинарката Мирослава Симоновска.

Опис и попис во Корчагин:

1. Дотична госпоѓа, иако многу фина на прв поглед, знае да биде многу незгодна особено додека не дознае кои родители се ,,поимаштливи”. Кога испрашува секогаш го користи таканареченото меѓу учениците ,,столче на срамот”.

Оди по дневник и секое дете го тегне на сред училница, го седнува на столче и почнува да го испрашува додека сите други гледаат. Му остава буквално една секунда да почне да зборува, инаку го прекинува во мислење и му кажува дека не знае и почнува вреѓањето како може јазик што го зборува цел свет да не го знаеш. И ред други работи ќе ти изнакаже и божем изнервирана ќе ти стави кец.

Сето тоа е од причини што си организира елитни екскурзии по Европа и учениците знаејќи каква е, без никој да ги тера, уплаќаат да одат на екскурзија. Ем ќе се прошетаат, ем ќе се спасат од малтретирање. Истата таа на екскурзии ветува дека нема да имаат проблем и кај другите професори велејќи им ,,не се секирај само кажи и на тичр и тичр ќе среди”.

2. Професорка која на сред час на своите ученици им кажува да умpaaт. Читала прашања од тестови што ќе ги дала и земале децата да ги запишуваат. Ги приметила и почнала да урла и епилогот бил ,,епа умрете не ви ги кажувам прашањата. Истата таа генерациски вреѓа, кажувајќи им на учениците дека за неа се ,,како вечерно школо во Димитар Влахов”. За цели класови се има обраќано дека се глупи како да доаѓаат од Сопиште. Фаворизирање на максимум 20 ученици од цела генерација од 250.

3. Професорка која има обичај, секоја година, секоја генерација, поединечно секој посебно без исклучок да го прашува каде и што работат неговите. Истата ги има ставовите:Грев е да се посвојува дете, грев е да си во брак а да немаш деца, секој што стапил во брак треба да има минимум 2 деца. Геј браковите се грев. Атеизмот е грев.

4. Професорка која ,,на зезанција” им раскажува на учениците дека друга професорка им ставила единици на цел клас и некој ученик застанал на прозор од училницата и и рекол на професорката дека ако не поправи ќе скокне. И се собрале сите да го убедуваат дека ќе поправи.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ