петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНова одлука за намалување на цената на маслото за јадење
spot_img

Нова одлука за намалување на цената на маслото за јадење

Сончогледовото масло ќе се увезува без царина. За да нема недостиг на домашниот пазар, Владата донесе одлука  наместо 29%, маслото за јадење да влегува во земјата без давачка.

Со ваквата мерка, која ќе трае до 31-ви мај, се очекува и пад на цената за најмалку 20 %. Србија неделава треба да ја тргне забраната за извоз во Македонија, а до тогаш, од Министерството за економија велат дека сончогледово масло ќе се увезува од Бугарија и Турција, како и до сега.

Истовремено продолжува забраната за извоз на одделни житарици, односно пченката, пченицата, јачменот, сончогледово семе и слично и во следните 30 дена.

Владините мерки ги објави на својот ФБ профил министерот за економија Бектеши. Целта е вели да се заштити домашниот пазар и да се избегнат шпекулативните дејствија на трговците и производителите.

Едните ги криеја по магаците и создаваа паника кај граѓаните дека масло за јадење може да нема, додека другите изјавуваа дека суровини за производство нема, или се по многу повисока цена, па неминовно ќе биде поскапување.

Со овие мерки, според Владата, ќе се заштити стандардот на граѓаните и ќе се одржи економската стабилност.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ