петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНИ ТРАГА ОД ИСЧЕЗНАТИОТ ПЕТАР: Потрагата продолжува се до пронаоѓање на детето
spot_img

НИ ТРАГА ОД ИСЧЕЗНАТИОТ ПЕТАР: Потрагата продолжува се до пронаоѓање на детето

Се уште се бара исчезнатиот Петар Џобоски, информираат од МВР за КУРИР.

Петти ден полицијата, противпожарна единица и граѓани трагаат по исчезнатиот Петар на кого му се загуби секаква трага во петок (25.02) попладнето од селото Врбско.

Не даде резултат и досегашната полициска потрага, потрагата од доброволци, од спасувачката служба, на пожарникари, со хеликоптер, но интензивната потрага продолжува.

Инаку, во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон, а во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.

-Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето. Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, ги упатуваме да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во с. Витолиште 071 268-594. Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата, информираат од МВР.

Прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет за исчезнатото дете. Како што информираа, во неделата, сослушани се членовите од неговото семејство.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ