петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНе мирува тлото во Штип, попладнево уште еден земјотрес
spot_img

Не мирува тлото во Штип, попладнево уште еден земјотрес

Земјотрес со јачина од 2.0 според Рихтеровата скала и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала беше регистриран попладнево во 16:07 часот од страна на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот се случил во епицентралното подрачје Св. Николе – Штип, 65 километри југоисточно од Скопје и беше почувствуван од населението во Штип и околината.

Ова е четврт земјотрес што го погоди регионот на Штип за три дена.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ