четврток, април 18, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНе излегувајте без чадор: Од пладне нестабилно време со пороен дожд и...
spot_img

Не излегувајте без чадор: Од пладне нестабилно време со пороен дожд и град

Времето претпладне со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 26 степени.

Влијанието на циклонската активност од југоисток ќе услови времето и во следните денови да се задржи претпладне посончево, а попладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ