Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјави дека 80% од Македонците во Украина се евакуирани или во тек е процес на евакуација. Осуммина чекаат на помош, од кои четири се луѓе со роднини во Македонија.
Околу 20 лица не сакаат да се евакуираат, иако биле контактирани преку МНР. Четири лица од нив замолиле МНР да не ги контактира во врска со евентуална евакуација.
Конзулатот во Украина продолжува со работа и дипломатите ќе останат таму се додека има потреба од тоа.