вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНајмалку 220 денари за гајба јајца, на градскиот пазар во Штип денеска...
spot_img

Најмалку 220 денари за гајба јајца, на градскиот пазар во Штип денеска речиси сè со покачена цена

Од 220 до 250 денари требаше да издвоите за да купите гајба јајца на денешниот пазарен ден во Штип. На две недели пред Велигден цената на јајцата порасна за еден, два, па дури и три денари. Граѓаните револтирани реагираа на покачената цена, а продавачите велат дека цените ги диктираат фармите.

Освен јајцата овој петок на градскиот пазар во Штип речиси сѐ е со покачена цена. Компирот повторно држи цена на 30 до 40 денари, а краставицата и доматот на некои тезги сѐ уште се продаваа по висока цена од 100 па до 140 денари, на некои веќе и по нешто пониска.

Стандардно како и претходниот петок, периодов најбарани се зелените зеленчуци, најмногу се купува крставица, зелка, лук и кромид, но се бараше и овошјето.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ