сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНаселба Македонка ќе се приклучи на водоводот на ЈП „Исар“ за најмногу...
spot_img

Населба Македонка ќе се приклучи на водоводот на ЈП „Исар“ за најмногу два месеца

За најмногу два месеца жителите од населба Македонка ќе се приклучат на водоводниот систем на ЈП „Исар“. Екипи на претпријатието од денес работат на оваа локација, каде освен нова водоводна линија еден крак од населбата ќе добие и нова канализациона мрежа. Според директорот, Трајче Здравков, работата на сите краци од населбата ќе заврши за најмногу два месеца.

„Во тек е изведба на нова водоводна линија во населба Македонка, тоа е еден од приоритети на јавното претпријатие за 2022 година. Моментално работиме на крак 1, целата должина е околу 1300 метри. Со ова решаваме еден голем проблем на овдешните граѓани со тоа што ќе добијат чиста и здрава вода за пиење“, истакна Здравков.

По поставувањето на водоводната и канализациона мрежа, во населбата ќе се асфалтираат и улиците кои долго време не биле реконструирани, а кои сега дополнително ќе се раскопаат со поставувањето.

„Ќе инвестираме под земја, а по завршувањето на поставувањето на оваа нова водоводна линија, ќе се асфалтираат истите улици кои и така со години биле руинирани, а и заради поставувањето на водоводната линија ќе бидат раскопани. Станува збор за инвестиција од неколку милиони денари, пари на граѓаните од буџетот на Општина Штип. Исто така, освен водоводната линија се поставува и нова канализациона мрежа на еден крак од населбата со што дополнително ќе се подобрат условите за живот во оваа населба“, истакна градоначалникот, Иван Јорданов.

Поставувањето водоводна линија ќе чини 3.000.000 денари, а за асфалтирање на улиците ќе се одвојат дополнителни средства, од кои за главната улица и еден крак веќе има распишан тендер во вредност од 1.500.000 денари. Според градоначалникот Јорданов, целосната реконструција ќе биде во вредност од 5.000.000 денари.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ