петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНамален бројот на хоспитализирани ковид пациенти во Штип и Кочани
spot_img

Намален бројот на хоспитализирани ковид пациенти во Штип и Кочани

Бројот на хоспитализирани ковид пациенти во штипската болница речиси идентичен како и вчера. Во последните 24 часа новопримени се четири пациенти, а дома си заминале шест лица. Со ова бројот на хоспитализирани е 32, од кои 31 на Инфективното и еден на Кожното одделение, но и десет пациенти на дневна амбуланта.

Од хоспитализираните, 81% имаат потреба од кислородна поддршка, односно 26 лица се приклучени на апарати за дишење. Вакцинирани се 19 лица, а слободни се 36 ковид кревети, од кои 27 на Инфективното и девет на Кожното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Едно лице на 73 годишна возраст од Делчево ја изгуби битката со Ковид – 19 во штипската болница.

Во кочанската Општа болница хоспитализирани се само тројца пациенти, од кои две лица се вакцинирани, но нема приклучени пациенти на апарати за дишење. Во последните 24 часа, новопримени пациенти нема, аиспишани се тројца пациенти, информираат од болницата.

Во општините од Истокот моментално активни се 338 ковид случаи. Троцифрена е бројката само во Штип, каде активни се 122 корона случаи. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена, вклучувајќи го и Кочани, со исклучок на Македонска Каменица и Пехчево каде има активни седум односно четири ковид случаи.

Според информации од Министерството за здрваство, заклучно со вчера, во земјата се направени вкупно 1.847.971 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.481, бројот на оздравени пациенти е 269.014, на починати е 8.768, а бројот на активни случаи изнесува 9.699.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ