петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНамален бројот на хоспитализирани во КБ Штип
spot_img

Намален бројот на хоспитализирани во КБ Штип

Повторно намалување на бројот на хоспитализирани во штипската болница. Последниот извештај на Клиничка болница Штип покажува 24 хоспитализирани и уште седум во дневната болница. Сите хоспитализирани се на Инфективното одделение, а Кожното веќе е затворено за ковид – позитивни пациенти. Во последните 24 часа нема оздравени и испишани пациенти, а новопримен е еден. На кислородна поддршка, пак, се 20 лица, а од хоспитализираните шест се вакцинирани. Во последните 24 часа направени се вкупно 12 амбулантски прегледи. На Инфективното одделение има 37 слободни кревети за ковид – позитивни пациенти, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во Кочани, пак, бројот на хоспитализирани е сѐ уште четири, односно нема ниту пораст, ниту намалување. Од нив половина или двајца пациенти се хоспитализирани, а еден е со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка. На Интерното одделение кое работи како ковид – оддел, слободни се 23 кревети за ковид – позитивните пациенти, информираат од болницата.

Во градовите од Источниот регион активни се вкупно 249 случаи на Ковид – 19. Најмногу се во Штип – 108, а нешто помалку – 68 има во Кочани. Најмалку, само еден случај има во Македонска Каменица, а нешто повеќе – шест има во Пробиштип.

На територија на цела држава во последните 24 часа регистрирани се 668 нови случаи на Ковид – 19, што е 17% од направените тестирања. Од новите случаи 81 се реинфекции, а 887 од пациентите се оздравени. Во последните 24 часа починале седум пациенти и кај сите се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.870.093 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, на починати е 8.898 а бројот на активни случаи изнесува 7.595.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ