вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотНадреални слики од животот во најстуденото место на светот
spot_img

Надреални слики од животот во најстуденото место на светот

Селото Ојмјакон во далечниот источен дел на Сибир се смета за најстудено населено место на планетата – најниската измерена температура таму е -71,2 °C. Можете ли да замислите како изгледа секојдневието во ваква „санта мраз“?
Ојмјакон е руско село во Република Саха, на брегот на реката Индигирка, со околу 500. жители.

Најниската измерена температура е наводно -71,2 степени, додека просечната температура во градот во зима се спушта на -58 степени Целзиусови, но во текот на летото температурата може да достигне 25-30 Целзиусови степени. Ветерот дува многу ретко, а годишно паѓа малку повеќе од 200. милиметри дожд.
Бидејќи селото се наоѓа во близина на Северниот Пол, должината на денот и ноќта во текот на годината драстично варира – во текот на декември денот трае само три часа, а во јуни дури 21. час.
И’ покрај сето тоа, благодарение на чистиот воздух, здравата исхрана и чистата вода, жителите на Ојмјакон се познати по својата долговечност.

Но, како изгледа нивниот нормален живот во овие крајности?

За почеток нема мобилна телефонија, бидејќи уредите ви мрзнат во џебовите, а оние што немаат загреана гаража, не ги исклучуваат автомобилите преку ноќ, бидејќи наутро не би можеле да ги вклучат.

Поради проблеми со замрзнатите цевки, канализацијата нема многу смисла, па тоалетите најчесто се наоѓаат надвор од куќата.

Живата се замрзнува во термометрите, дури и мастилото во моливите, а кога топла вода ќе се истури во чаша и ќе се распрсне во воздухот, се претвора во снежен облак.

Најчесто се јаде месо. Населението на Ојмјакон најмногу се занимава со сточарство и риболов. Поради екстремно ниските температури и фактот што почвата замрзнува на длабочина од дури 1.500 метри, не е можно одгледување жита, овошје или зеленчук, а во исхраната се вклучени и диви плодови од локални растителни видови.

Од локалните специјалитети се издвојуваат млечните производи „хајак“ и „ќорчех“ кои наликуваат на путер и сладолед, како и најпознатото ојмјаконско јадење – „строганина“ (изгребана свежо замрзната риба).

Во Ојмјакон има една продавница, дом на култура и спортски центар, училишта и градинка. Интересно е што децата одат на училиште и кога температурата ќе падне на -50. Наставата за учениците од прво до петто одделение се откажува само доколку температурата се спушти до -52 степени.

Областа е богата со експлоатативни наоѓалишта и рудници на злато, како и со топли извори, а туристите кои ги посетуваат овие области – главно го прават тоа за да ги тестираат сопствените граници.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ