четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМу го запалиле Аудито на Шилегов, оштетени уште три возила
spot_img

Му го запалиле Аудито на Шилегов, оштетени уште три возила

Ноќеска дваесетина минути по 3 часот опожарено е возилото ауди на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Возилото, пред да биде опожарено, го паркирала неговата сопруга Јасмина, а е регистрирано на едукативен центар Џуниор. Во пожарот зафатени биле уште три возила.

Полицијата информираше дека на ул.”Петре Пирузе” во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило ауди со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила пасат, матиз и нисан со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М.(53)”, соопштија официјално од МВР.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ