петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsМобилни камери ќе почнат да се употребуваат и во СВР Штип до...
spot_img

Мобилни камери ќе почнат да се употребуваат и во СВР Штип до крајот на овој месец

Мобилни камери ќе почнат да се употребуваат и во штипскиот Сектор за внатрешни работи до крајот на месецов. Откако во 2016 година за Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Петровец беа набавени 17 камери од страна ИЦИТАП програмата, со вакви камери почнаа да се опремуваат и единиците за сообраќај во останатите Сектори ширум земјава. Сега министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и Н.Е. Ерик Мејер, вршител на работите во Амбасадата на САД го заокружија проектот откако беа донирани 593 камери.

„Оваа година, преку ИЦИТАП ја проширивме нашата поддршка за Секторите за внатрешни работи во Тетово, Охрид, Куманово, Скопје, Велес, Битола, Штип и Струмица како и за Одделот за гранични работи и миграции со донирање на 593 камери. Впрочем, мобилните камери се веќе ставени во функција тука во Скопје, Тетово, Куманово, Охрид, на пет гранични премини како и во Мобилната единица за компензаторски мерки, а до крајот на овој месец ќе започне употребата и во Велес, Битола, Штип и Струмица“, рече Н.Е. Ерик Мејер.

Како што додаде Н.Е. Ерик Мејер, мобилните камери претставуваат еден од најзначајните новитети во полициската работа, особено бидејќи се покажало дека имаат позитивен ефект. Значително бил намален бројот на поднесени жалби против полициски службеници. Спроведената електронска анкета од 2021 година покажала повисоко ниво на сатисфакција и кај двете страни – и кај полициските службеници и кај граѓаните.

„Мобилниот систем за снимање значи целосно опремување со вкупно 593 камери на сите Сектори за внатрешни работи, односно на единиците за безбедност на сообраќајот и Одделот за гранични работи, фундиран врз исто така веќе воспоставената информационо-софтверска инфраструктура за нивно непречено и квалитетно работење преку бројни обуки и стручни едукации на полициските службеници“, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Според Спасовски, со мобилниот систем за снимање не само што ќе се добие на квалитет во документацијата на прекршоците, туку истовремено ќе се подигне квалитетот на полициското постапување, неговата професионалност и транспарентност.

Проектот „Мобилен систем за снимање со камери“ поставени на полициските службеници што вршат контрола и регулирање на сообраќајот е проект на ИЦИТАП програмата на Одделот за правда на Владата на Соединетите Американски Држави, наменета за Единиците за сообраќај и Одделот за гранични работи. Проектот претставува донација вредна еден милион и шеест и една илјада американски долари.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ