вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsМобилен рендген апарат донираше Јапонија за Клиничка болница Штип
spot_img

Мобилен рендген апарат донираше Јапонија за Клиничка болница Штип

Мобилен рендген апарат за штипската болница е новата донација од Јапонија. Ова е шестта донација за Општина Штип и втора за Клиничка болница Штип. Јапонскиот амбасадор на посетата во Штип го потпиша договорот за доделување грант заедно со и градоначалникот на Општина Штип и директорот на Клиничката болница, д-р Ален Георгијев, кој потенцираше на потребата од ваков апарат.

Според амбасадорот на Јапонија, ова ќе обезбеди брза и прецизна дијагноза за пациентите во штипската болница, а ќе ја продлабочи соработката помеѓу двете земји. Јапонија заклучно со оваа година за проекти во државата има обезбедено над 8 милиони евра.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, се заблагодари на јапонската амбасада за долгогодишната соработка, а дека двете држави одлично комуницраат доказ се веќе реализираните проекти, пред сѐ проектот ХС Злетовица.

Јапонскиот амбасадор најави и нова програмска линија на која Штип ќе аплицира со повеќе проекти, а пред сѐ со проекти од комуналната дејност. Првата донација од Јапонија за штипската болница беше две амбулантни возила.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ