„Во меѓувреме во Русија“, напишал тој со видеото пред продавниците како H&M, Zara, IKEA, Mango и Massimo Dutti. Снимката е прегледана повеќе од шест и пол милиони пати.
„Не грижете се, тоа е само специјална финансиска операција“, „Момчето се обидува да покаже како изгледаат работите во Русија без да заврши во затвор“, се само дел од коментарите под снимката. Првиот коментар собрал 90.000 лајкови.
Инаку, младиот човек на социјалните мрежи се претставува под името Мајер и редовно објавува видеа од Русија.