петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМицкоски бара лидерска средба со Ковачевски за одредување датум за предвремени избори
spot_img

Мицкоски бара лидерска средба со Ковачевски за одредување датум за предвремени избори

Доколку ја одбие и оваа порака, за средба за излез од националната катастрофа во која живее Македонија, ВМРО ДПМНЕ ќе заседава и потоа следат сериозни и досега непрактикувани чекори. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му фрли ракавица на премиерот Димитар Ковачевски и јавно го повика на средба на која ќе договорат датум за одржување на предвремени парламентарни избори, кои, според него, се единствен излез од кризата. Тој на премиерот му даде рок до 10-ти мај да одлучи дали ќе ја прифати неговата покана за состанокот, на кој најави дека планира да му предложи и четири тимови од ВМРО-ДПМНЕ, кои про-боно до денот на одржувањето на изборите, би работеле заедно со тимови од власта во областа на економијата, надворешната политика, здравството и образованието.

„ Доколку ја одбие и оваа порака, за средба за излез од националната катастрофа во која живее Македонија, ВМРО ДПМНЕ ќе заседава и потоа следат сериозни и досега непрактикувани чекори. Доколку биде одбиена средбата ќе се покаже дека државата има отсуство на било какво лидерство, а народот ќе мора да дојде по своето. Затоа што сето ова како што имаше почеток има и свој крај. “Христистијан Мицкоски – Претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Мицкоски повторно го обвини Ковачевски дека не ги заштитува македонските интереси во преговорите со Бугарија и дозволува соседна држава да се меша во внатрешните работи на Македонија.. Тој е дециден дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав, без претходни писмени гаранции за заштита на нашата историја, македонскиот јазик, без фусноти, и нашата посебност и културна различност.

„ Повторувам, да се знае сега, нема тоа да го поддржиме и нема тоа да помине. Јас сум апсолутно свесен дека Ковачевски е поготвен да потпише се, само чека а види дали Петков ќе може тоа да го помине во Бугарија. И тоа најверојатно во овој пластелин, наш вештачки Парламент ќе помине, но за промени во Уставот им требаат две третини, тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи.“ Христистијан Мицкоски – Претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ оцени дека во првите 100 дена новата Влада продолжила со неуспешните политики и ја втурнала државата во уште подлабока криза и национална катастрофа. Македонија ја има се помалку, а се живее на рати, рече Мицкоски…

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ