четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsМеџити ја призна мизеријата во штипската болница: Ова навистина не личи на...
spot_img

Меџити ја призна мизеријата во штипската болница: Ова навистина не личи на ништо, особено не личи на 21 век

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, по денешната обиколка на болницата во Штип, излезе згрозен од условите во кои работат неговите колеги и се лекуваат пациенти. Вели дека од првиот ден како министер е запознаен со состојбите во оваа болница, најави промени на подобро, но рече дека нема волшебно стапче за да се очекува тие наеднаш да се случат.

„Јас денес ги видов просториите, сум бил тука и порано како лекар, тие не заслужуваат така да работат. Ова навистина не личи на ништо, на XXI век. Ние навистина ќе направиме напори што побргу новата болница да се заврши и здравствените работници да имаат подобри услови за работа и пациентите да добијат подобри услови“, рече Меџити.

Новата клиничка болница поради проблеми со фирмата рече дека нема да биде пуштена во употреба како што беше најавено следниот месец, но најави дека доколку успеат да се договорат, таа ќе биде готова и пред 2026 година, дадена како нов краен рок.

За министерот Меџити, не е изненадувачки тоа што изминатите три години болницата ја напуштиле 100-тина вработени, од кои некои заминале во странство, а други се пензионирале, оти вели дека тоа е глобален тренд, но призна дека кадарот е проблем.

„Не знам зошто се немало стратегија, не знам зошто е доведено во ваква состојба, да бегаат, да немаме конкретни кадри, конкретни струки. Не знам зошто не е направена стратегија од претходните менаџери, требало тоа да го имаат предвид дека не може една клиничка болница да функционира без кадри. Сега слушам дека има четворица хигиеничари, тоа е незамисливо на таков обем на работа да ги завршат работните задачи. Но, тука сме, еве апелирам – за сè што не е во ред да укажувате. Медицински 24/7 стојам на располагање и јас и тимот за да ги унапредиме работите. Јас сум лекар по професија. 23 години работам. Се соочував со истите овие услови, кои се објективни, со кои се соочуваат и моите колеги. Но, она што можам да ви кажам е дека ние како лекари на Клинички бевме многу задоволни што никогаш не ни праќаат пациенти кои не е потребно да бидат пратени. Тука колегите се многу квалитетни“, рече министерот Меџити.

Клиничката болница во Штип од јануари годинава чека одговор од Министерството за финансии за нови 48 вработувања. Министерот Меџити рече дека тој не е вистинска адреса за одговор на прашања за вработувања оти тоа е министерот за финансии, но најави дека ќе направи сè што може за да бидат одобрени барем 20 од бараните 48 вработувања.

Министерот денес беше во посета на болницата оти амбасадорот на Чешка и компанијата „Промедика“ донираа 24 болнички кревети за детското одделение.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ