четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsМеџити со нови празни ветувања: Се работи на отстранување на правните проблеми...
spot_img

Меџити со нови празни ветувања: Се работи на отстранување на правните проблеми за изградба на новата Клиничката болница во Штип

Се рабoти на решавање на правниот проблем за изградбата на новата клиничка болница во Штип, истакна денеска Министерот за здравство Фатмир Меџити. Свесен за фактот дека болницата требаше да биде готова за нешто помалку од еден месец истакна дека се прават сите напори за оваа болница да биде изградена со што ќе им се помгне на пациентите од Штип и регионот. Како пример посочува дека нема да се трошат пари и време за да се стигне на доктор во Скопје, односно граѓаните од Истокот тоа ќе го имаат во Штип.

„Штипската има проблем правен, го решаваме денеска напорно работиме на тоа“, вели Меџити.

Меџити е свесен и дека состојбата во здравството е многу лоша, вели, и покрај тоа што нема волшебно стапче за да ги реши сите проблеми, сепак се прават сите напори за подобро здравство, како и подобри услови за пациентите.

„Веќе е 21 век, ние го знаеме нашето здравство кое е во многу лоша кондиција, во лоша состојба, дајте заедно да придонесеме за еднаш за секогаш да поставиме некои здрави основи со цел нашите паценти да добиваат подобри услови и да имаме поздраво население“, вели Меџити.

Од Министерството за здравство пред нешто повеќе од две недели посочија дека болницата е завршена 35% . Посочуваат дека одолжувања има заради Ковид-19, но и недоразбирањата меѓу фирмите изведувач и подизведувач.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ