сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаСветМедведев до САД: Колапсот на Русија ќе доведе до голема нуклеарна експлозија
spot_img

Медведев до САД: Колапсот на Русија ќе доведе до голема нуклеарна експлозија

Дмитриј Медведев, кој беше руски претседател од 2008 до 2012 година, а сега е заменик-секретар на рускиот Совет за безбедност, рече дека САД направиле заговор и сакаат да ја уништат Русија како дел од „примитивната игра“.

„Тоа значи дека Русија мора да биде понижена, ограничена, скршена, поделена и уништена“, рече Медведев.

Медведев рече дека Кремљ никогаш нема да дозволи Русија да биде уништена, но го предупреди Вашингтон дека доколку го постигне она што го опиша како „деструктивни цели“, светот може да се соочи со дистописка криза која ќе заврши со „голема нуклеарна експлозија“.

Уништувањето на најголемата земја во светот по површина, рече Медведев, може да доведе до нестабилно раководство во Москва „со максимален број нуклеарни оружја насочени кон цели во САД и Европа“.

Тој додаде дека колапсот на Русија ќе доведе до тоа шесте земји вооружени со нуклеарно оружје низ Евроазија, да бидат предводени од „лудаци, фанатици и радикали“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ