сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМВР во тешка акција: По повеќе од една недела, приведен уште еден...
spot_img

МВР во тешка акција: По повеќе од една недела, приведен уште еден од пукачите кај Мавровка

Вчера од страна на Единица за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје лишен е од слобода Р.А. (29) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 06.07.2022 околу 19.30 часот на бул. Гоце Делчев во Скопје поточно на плоштад Скендербег, испукал со пиштол.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал извршен е претрес во неговиот дом, пиштолот е одземен, а во координација со Јавен обвинител против Р.А. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик.

Денеска лицето е изведено пред Судија на претходна постапка.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ