петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаСценаМарија Пијанманов Плевнеш се пожали од камерата на Телма: „Ме презумираа и...
spot_img

Марија Пијанманов Плевнеш се пожали од камерата на Телма: „Ме презумираа и ме здебелија … ми ги дуплираа рацете“ (ВИДЕО)

Една од гостинките во емисија „Нешто конкретно“, Марија Пијанманов Плевнеш, на социјалната мрежа „Инстаграм“, откако беше објавена епизодата, „распали“ по камерманите на ТВ Телма.

Имено, Пијанманов Плевнеш не е задоволна од снимените кадри и прикажаните агли од камерманите и продукцијата на ТВ Телма. Таа вели дека појава како нејзе требало да се уснима профи, а не како што тие ја прикажале, во презумирано издание и дуплирана во рацете.

„Забелешка за шминката и тие што ме стилизираа, лошо сенчање предизвика нерамности на лицето и искривени линии. И за камерманите на ТВ Телма од продукцијата, кои ме презумираа и ме дуплираа во рацете, обликот на лицето, вратот, тенот на лицето и бојата на косата. Кога некој се стилизира како мене со појава треба тоа да се уснима профи, а не да се прикрие преку лоши кадри, бои и сенки, лош агол, лоша камера и нереално прикажан аутфит и стил. Забелешка до продукцијата“, напиша Марија во Инстаграм опцијата „Приказна“.

Во продолжение погледнете ја и целата епизода каде гостува Марија во „Нешто конкретно“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ