петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаДонацииМалата Наташа: Другарчињата ми се потсмеваат, мама ми дава само леб и...
spot_img

Малата Наташа: Другарчињата ми се потсмеваат, мама ми дава само леб и салама за на училиште

Валентина Стојоска од Албанија, со желби за поубав живот пред дваесетина години дошла во Македонија. Немала успешен брак во Требеништа, па, се премажува и влегува во втор брак со човек во Вевчани. Во двата брака, причина за несогласување е сиромаштијата. Од првиот брак има веќе полнолетен син, а, од вториот брак ја има шестгодишната ќерка – Наташа. Но, ниту на синот, ниту на шестгодишната Наташа, не може да им овозможи живот каков што секоја мајка посакува за своето дете. Најголемиот проблем на оваа мајка е што цел живот, живее под кирија.

Условите во старата куќа се лоши. Се плаши да не се разболат со ќерката, поради стаорците кои шетаат низ собите. За поевтина кирија која единствено може да си ја дозволи, таа е ограничена во изборот, а газдите не ја пријавуваат како жител на Охрид, па Валентина поради тоа не може да поднесе документи ниту за социјален стан, ниту за социјална помош. Сопругот најчесто ги остава сами, оди во Вевчани во куќата на брат му, а таа сама со малата Наташа мака мачи за да се прехрани и преживее.

– Првиот брак ми беше проблематичен. Немав живот со него. Па, одлучивме да се разделиме. Од тој брак имам син. Веќе е голем. Иако, мене ми е доделен, сепак поради тоа што немам услови да го чувам, седи кај татко му. Ќе дојде тука еднаш, двапати во месецот, ќе се разочара од животот тука, ќе ми побара пари, а јас немам ни сто денари да му дадам-ја започнува за „Срце на дланка“ својата несреќна приказна, Валентина.

Сите што сакате да помогнете на ова семејство, тоа можете да го направите на трансакциската сметка 200003332143216 или на контакт телефонскиот број на Валентина Стојкоска 078/241929

Автор Оливера Петрушевска

Целосниот текст на: prikazna.mk

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ