четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаСветМакедонец сведочи за ситуацијата во Украина: Не му го посакувам ова на...
spot_img

Македонец сведочи за ситуацијата во Украина: Не му го посакувам ова на никого!

Македонскиот државјанин Даниел Лазаревиќ кој е женет за Украинка, со своето семејство е заглавен во централниот дел на Украина во близина на Кременчук кај Дњепар. Тој во разговор за Утрински брифинг сведочи за моменталната ситуација во Украина.

-Моментално сум во Централна Украина, блиску до реката Дњепар. Моменатално нема овде воени случувања, но ситуацијата е напната и луѓето не очекуваа дека вакво нешто може да се случи. Се слушнаа неколку ракети како пролетаа, но не видовме авиони, хеликоптери. Моментално овде е мирно, изјави за Утрински брифинг Даниел Лазаревиќ.

Според него во делот каде што е тој сега нема проблеми со снабдувањето во продавниците со намирници. -Продукти во продавниците има, но не можеме да купиме поголеми количества, оти се гледа се да се распореди на жителите кои живеат тука. Скривници има. Претежно тука се куќи и секоја куќа има свој подрум, вели Лазаревиќ.

Во однос на плаќањето вели дека имало одредени проблеми зошто повеќе се барало плаќање во готовина.

-Првиот ден од инвазијата сите банки беа затворени. Дури и на бензинските бараа да се плаќа во кеш. Моментално се работи нормално, но колку пари можат да се извлечат не можам да кажам. 24 часа нема ТВ пренос, има само преку сателит. Обична ТВ која оди преку аналогни антени не функционира. Тие канали се исклучени, бидејќи во Киев беше бомбардирана телевизиската кула. Преку интернет има голема цензура. Дури јас се обидов да пратам некои видеа, но се цензурирани. Војна има, но се уште е далеку од местото каде што живеам, вели Лазаревиќ.

За можноста да се врати во Македонија со своето семејство, вели дека досега не добил одговор од македонското МНР:

-Јас пред два дена воспоставив контакт со македонското МНР, бидејќи имам две деца. Ќеркичката две години, синот девет. Доколку има контингент за повлекување ми рекоа дека ќе ми се јават, но веќе 30 саати немам одговор, додава Лазаревиќ.

-Војната не е убава за никого, се знае кој профитира. Не му го посакувам ова на никого. Обичниот народ ги губи животите на своите синови и ќерки. Би ги обвинил политичарите од двете страни. Доколку сакаат може да седнат и да разговораат. Тие се вжештени глави, а народот ќе страда, вели Лазаревиќ.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ