четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЛошото менаџирање на парите на Штипјани е главниот проблем за застарената водоводна...
spot_img

Лошото менаџирање на парите на Штипјани е главниот проблем за застарената водоводна мрежа, непроменета дури од 1958-та година!

Водоводните цевки поставени во 1958 година, се причина за честите дефекти на ул.Пиринска, вака на својот ФБ профил напиша градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Начинот на менаџирање со парите на граѓаните на Општина Штип, довел до непроменета водоводна мрежа од дамнешната 1958 година, како и генериран милионски долг на ЈП Исар.

Овој пристап во одредување на приоритетите на штипјани, деновиве создава проблем на жителите од оваа улица.

Јорданов потенцира дека е потребна е темелна промена! Воедно тој укажа дека како одговорна локална самоуправа, приоритетот на неговиот тим ќе биде замена на застарената водоводната мрежа на сите улици кои ќе бидат реконструирани и асфалтирани.

„Затоа што НИКОЈ не заслужува да остане без вода за пиење во овие летни горештини“, изјави Јорданов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ