Одличниот пејач и скромно момче од Кичево, Влатко Лозановкси, веќе 10 години како ја гради својата музичка кариера. И по една деценија Лозано не е променет, тој и понатаму е ненаметлив, коректен и супер-културен.
Неодамна тој ја објави неговата песна под наслов „После полноќ“, па токму тоа беше и причината да биде гостин во естрадниот магазин – „Бекстејџ“.
Освен за новата песна, Лозано зборувапе за најчудната понуда која ја добил за настап. „Добивам понуди да пеам на погреби, свадби разводи … во такви моменти јас и мојот тим не знаеме како да реагираме. Но, мораме да се навикнеме“, изјави Влатко.