четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотКороната се враќа, Балканот во паника: Бугарија од понеделник ги враќа заштитните...
spot_img

Короната се враќа, Балканот во паника: Бугарија од понеделник ги враќа заштитните маски против Ковид-19, наскоро се очекуваат и останатите соседи!?

Од понеделник Бугарија го враќа носењето заштитни маски против Ковид-19, изјави за БНР главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев.

Според него, „Бугарија се соочува со нов бран на коронавирусот и варијанта на вирус кој се шири многукратно побрзо, работите се менуваат толку бргу и толку неочекувано што мора да бидеме подготвени за секоја ситуација“.

Тој ќе предложи нов пандемичен план за здравствените власти да преземат безбедносни мерки. Меѓу нив се носењето маски, ограничувањето на собири и собирање на многу луѓе на едно место. Од понеделник со новите мерки кои се очекува да стапат во сила од понеделник.

Тој беше дециден дека никој нема да ја пропадне туристичката сезона или економијата во оваа комплицирана ситуација, но сепак, кога ќе се носат одлуки, вклучително и од Националниот фонд за здравствено осигурување на Бугарија, мора да размислуваме за здравјето на луѓето, потоа – за заштеда на пари, категоричен беше Кунчев.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ