петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаКОНЕЧНА ОДЛУКА: Учениците се враќаат во училишните клупи, нема да има онлајн...
spot_img

КОНЕЧНА ОДЛУКА: Учениците се враќаат во училишните клупи, нема да има онлајн настава

Учениците оваа учебна година ќе ја следат со физичко присуство во училиштата и засега нема можност за одржување онлајн настава, информираат од Министерството за образование и наука. При евентуални кризи од кој било вид, здравствена, енергетска или еколошка, ставот на МОН е дека училиштата последни ќе се затворат, а први ќе се отворат, објави Слободен печат.

Одреден број родители на социјалните мрежи споделуваат загриженост во врска со пандемијата со коронавирус, која не е завршена, како и со енергетската криза. Но, од МОН се категорични:

– Околу начинот на организирање на наставата, препорака дава Комисијата за заразни болести, така што доколку има промена на одлуката за отпочнување на наставата со физичко присуство во училиштата, навремено ќе биде споделена – велат од Министерството за „Слободен печат“.

Од Комисијата за заразни болести велат дека сите мерки за спречување на пандемијата Владата ги укина пред четири месеци, а на сила се само четири, односно задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и во старските домови.

– Ја следиме ситуацијата и ако има потреба, ќе ѝ препорачаме на Владата да донесе нови мерки. Наставата во училиштата ќе почне со физичко присуство за сите – вели портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ