вторник, април 16, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаКолев: Треба да земеме пример од жените политичарки на Бугарија, за тоа...
spot_img

Колев: Треба да земеме пример од жените политичарки на Бугарија, за тоа како се брани позицијата во однос на РС Македонија

„Може би треба да земеме пример од жените политичарки, како подпретседателката Илијана Јотова, министерката Генчовска и поранешната министерка Екатерина Захариева, за тоа како се брани позицијата во однос на РС Македонија“, изјави Петар Колев, лидер на ГДУ во утринската програма на бугарската телевизија БТВ.

„Политиката е мажјачка работа, за којашто ти е потребен јак грб. Чувствувам дека бугарските политичари и оние во Македонија, имаме потреба од овој пример на жените, кои се занимаваат со политика. Не е срамно да ги прашаме, како се издржува овој притисок“, додава Колев. Според него единственото нешто што може да ги извади меѓусебните односи меѓу Скопје и Софија е решавањето на отворените прашања, а не ветувањата за нивно решавање во иднина.

„Како правото на самоопределба може да важи само за живите, но не и за починатите? Дали има разлика кога тоа важи за Гоце Делчев, кој самиот се изјаснувал како Бугарин?“, прашува Колев.

„За мене клучно е прашањето за човековите права. Нивното декларирање и спроведување во македонското општество. Почнува се појавува една идеја за трговија меѓу историската вистина и човековите права“, вели Колев.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ