четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаКолев: Сакаме Бугарин на чело на Обвинителството во Охрид
spot_img

Колев: Сакаме Бугарин на чело на Обвинителството во Охрид

Лидерот на ГДУ ја советува Владата: впишување на Бугарите во Уставот, а согласно со пописот, прва задача – назначување Бугари во МВР и Бугарин на чело на Обвинителството во Охрид.

Како Бугари во Македонија ги коментираат актуелните тензии меѓу Скопје и Софија по претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на клубот „Цар Борис Трети во Охрид? Како го замислуваат решавањето на провокациите, и што очекуваат од уставните измени? Одговори на овие прашања дава Петар Колев кој се декларира како Бугарин, и е претседател на партијата Граѓанско демократската унија (ГДУ) регистрирана во РСМ, а од минатата недела и координатор на новоформираниот „Центар за стратегиски анализи и планирање“ во Скопје. Во разговор за Радио Благоевград кој го пренесува БНР, тој оценува дека „агресијата во РСМ е со институционално покровителство”.

„Македонската политичка елита не сака да продолжи европската интеграција на Македонија и затоа што не презема никакви мерки кон тоа што се случува. Зошто не сака? Затоа што Македонија е една од најкорумпираните држави во Европа. Македонската политичка елита преку нејзниот конфликт со Бугарија, наоѓа начин да ја оддалечи земјата од ЕУ и тоа го прави апсолутно намерно”, вели Колев.

Бугарија ќе реагира за забрана на влез во РСМ Посетата на Османи на Софија, неговата осуда на инцидентот во Охрид и пораката дека тој чин на насилство не ги одразува вредностите на граѓаните на РСМ, не резултираа со намалување на тензиите. Неговиот бугарски колега, Николај Милков, соопшти дека бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, останува во Софија сѐ додека нема знаци на промена во РСМ, а официјална Софија ќе ги прекине сите меѓудржавни проекти со Скопје.

За вчерашната изјава на европратеникот Ангел Џамбаски, со закана кон македонскиот претседател, македонското МНР реагираше до бугарското, и соопшти дека заканите и изјавите за закани се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи. „Очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава“, соопшти МНР.

Но, од другата страна на границата имаат поинаков став. „Бугарија е подготвена и веднаш да реагира, доколку тамошните власти воведат забрана за нашите граѓани, вклучително и за европратеникот Ангел Џамбаски, да ја посетат земјата за честувањето на роденденот на Гоце Делчев на 4-ти февруари“, порача вчера шефот на бугарската дипломатија, Николај Милков. Кирил Топалов, дипломат и член на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, околу најавите за такви забрани, изјави дека „тоа е државен став што загрижува“.

„Големо изненадување беше тоа што го објави претседателот Пендаровски, бидејќи не беше навредена РСМ. Навредена е Бугарија, претепан е млад човек кој е секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид. Би требало Бугарија да го направи тоа, но нема да го направи“, рече Топалов на „Нова“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ