среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаКолев ги прогласи Османи и Пендаровски за антифашисти: Вие го навредивте...
spot_img

Колев ги прогласи Османи и Пендаровски за антифашисти: Вие го навредивте Хасан Приштина!

Претседателот на ГДУ Петар Колев на својот facebook профил му се обрати на министерот за надворешни работи Бујар Османи со отворено писмо, по повод неговата изјава за името на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Отвореното писмо ви го пренесуваме во целост:

„Отворено писмо
До мојот драг пријател и “антифашист” Бујар Османи,
(со нескриена надеж дека ќе го прочита и антифашистот г-н Стево Пендаровски)

Господине Османи,

Исклучително сум изненаден од вашата изјава за контроверзноста и спорноста на името на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Во вашата изјава која оди во контекстот на хистерична “антифашистичка” реторика во Македонија овие неколку денови, должен сум да ви споделам некои едноставни и јасни историски факти.

Јас ве разбирам и вие како лекар не сте должен да ги знаете, но пред да дадете такви изјави најдобронамерно и пријателски би ве посоветувал да се консултирате со вашиот лидер г-н Али Ахмети кој е добар познавач на албанската историја, особено на историјата на албанското вооружено движење, како и нејзините корелации со бугарската држава и вооруженото движење на македонските Бугари.

Беспорен историски факт е дека во 1933 година била одржана дводневна средба меѓу Ванчо Михајлов и Хасан Приштина, тогашен претседател на Косовскиот комитет за заедничка соработка против Кралството Југославија и за идните граници на Албанија и Македонија. Договореното опфаќало: Доколку Македонија се обединела со Бугарија тогаш, македонските територии со мнозинско албанско население (Дебар и дел од дебарската околина) да се присоединат кон Албанија, во спротивно тие да останат во идната независна Македонија. Михајлов и Приштина изработиле цел проект за идниот сојуз меѓу ВМРО, Косовскиот комитет и Хрватското усташко движење на чело со Анте Павелиќ. Истата година за жал Хасан Приштина бил убиен.

Нема да навлегувам во суштината на долгогодишната соработка помеѓу албанското вооружено движење и вооруженото движење на македонските Бугари, мислам дека овој пример е сосема доволен.

Денеска г-не Османи во центарот на Скопје има споменик на Хасан Приштина, имаме училиште во Чаир кое го носи неговото име и целиот албански народ го почитува и се гордее со него. Вие со ваквите изјави верувајте нема да не навредите нас македонските Бугари, ние сме навикнати со квалификациите „фашисти“, „контроверзни“, „окупатори“ и многу други, но мислам дека осознавате колку навредливо звучи тоа за еден од албанските национални херои. Нема како сите соработници и пријатели да му се фашисти а тој да е антифашист, се надевам ме разбирате.

Имајќи предвид дека ве сметам за свој пријател, најучтиво настојувам во иднина да ме ставите во вашето антифашистичкото друштво“, напиша Петар Колев, претседател на ГДУ.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fpetar.kolev.585%2Fposts%2F10219991109680404&show_text=true&width=500

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ