четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаКолев: Бугарите се тормозат во оваа земја, ме задржаа на влез во...
spot_img

Колев: Бугарите се тормозат во оваа земја, ме задржаа на влез во Македонија заради табличките на мојот автомобил (ВИДЕО)

Претседателот на ГДУ, Петар Колев, објави видео на својот Фејсбук профил на кое се гледа дека со своето возило е задржан на граничен премин при влез во Македонија.

„Малку да те измалтретираат уште на граница. Царината и полицијата не ги дискриминираат и не ги тормозат по многу Бугарите во Македонија, онака по малку уште на самата граница, само 20-30 минути.Големата предност да си воспитаник на СУ на правен факултет, та да започнеме правна дискусија.Нема закон, нема член, нема документ, но не може да влезеш во државата!

Иако автомобилот кој е моја сопственост бил само 3 дена на територија на Македонија за последната 1 година, и покрај тоа што немам никаков прекршок, ниту царински, ниту кривичен, апсолутно никаков, не можело да влезам во Македонија.

Се наложи да ја цитираме Истанбулската конвенција која е децидна и правилата за привремен увоз велат дека можеш за време од 6 месеци да престојуваш 3 месеци на територијата на РС Македонија со автомобил со странски регистерски табчички, започнавме да го чешламе и царинскиот законик и после целото малтретирање, стана јасно дека немаат правна основа да не ми дозволат влез и влегов во Македонија.Кога ова е моето искуство, несакам и да помислам каков е односот кон другите бугари во Македонија.

ВИДЕО: https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fpetar.kolev.585%2Fposts%2F10219970831333458&show_text=true&width=500

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ