Позитивните на КОВИД-19 од денеска ќе бидат објавувани на сајтот на Државниот и здравствен санитарен инспекторат, со име, презиме и адреса на која ќе се спроведува изолацијата на сите граѓани што ќе добијат позитивен резултат на ПЦР-тест во било која овластена лабораторија во државава. Од моментот кога овие податоци ќе бидат објавени на страната ќе се смета дека лицето примило решение за изолација.