четврток, април 18, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаКовачевски во друштво на Бектеши се обиде на сиромасите да им каже...
spot_img

Ковачевски во друштво на Бектеши се обиде на сиромасите да им каже дека е евтина храната: Купија леб, макарони и сирење за 328 денари

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, беа во посета на супермаркетот „Рамстор“ во населбата Капиштец, по повод новите замрзнати цени на тестенините и млечните производи.

Премиерот Ковачевски испазари млеко, леб, макарони. Откако со Бектеши ги разгледа цените, тој купи две пакетчиња макарони, сирење и урда. За целата сметка плати 328 денари.

-Намалени се цените – рече Ковачевски по пазарењето.

Бектеши, пак, констатираше дека мерките со кои се намалуваат цените се почитуваат. Тој најави дека во април ќе следат нови мерки.

-Мерките ќе ги дефинираме со министерот за финансии и премиерот. Оваа криза нема да биде на грб на граѓаните. Ние ќе се откажеме од давачки, компаниите од профити – истакна тој.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ