четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаСветКина бара од САД да објават што правеле во нивните биолошки лаборатории...
spot_img

Кина бара од САД да објават што правеле во нивните биолошки лаборатории во Украина 

Кинеското Министерство за надворешни работи побара од САД да ги откријат сите информации во врска со биолошките лаборатории во Украина, изјави денеска портпаролот на Министерството, Џао Лиџен.

Неговата изјава дојде откако руското Министерство за одбрана во неделата објави дека има докази за воено-биолошка програма развиена во Украина, која ја
финансираат САД, пренесува „Спутник“. „Уште еднаш ја повикуваме американската страна да ја разјасни својата активност по прашањето на биолошката милитаризација во земјата и во странство“, рече Лиџен.

Тој исто така изјави дека ова е само „врвот на ледениот брег“, бидејќи, според Пекинг, Америка контролира 335 биолошки лаборатории во 30 земји во светот. „Со својата политика на проширување на НАТО на исток, САД фрлија огромно дрво во огнот на украинската криза“, рече Лиџен.

Тој подвлече дека Кина отсекогаш верувала дека безбедноста на едната страна не може да се обезбеди на сметка на безбедноста на другите земји и дека регионалната
безбедност не може да биде на сметка на проширувањето на воените блокови.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ